Сè што ти треба за да го водиш локалот

Целосен преглед на функциите на ImPOS — од земање нарачка до затворање на денот.

Продажба и каса

Земи нарачка, наплати и фискализирај — сè од еден екран.

  • Брзо земање нарачка
  • Распоред на менито — уреди како се прикажуваат производите на касата
  • Повеќе нарачки на една маса — подели сметка, спој, премести на друга маса
  • Продажба без маса (Нова сметка)
  • Плаќање во готовина или со картичка
  • Печатење сметки
  • Фактури и испратници
  • Фискализација за Македонија — работи со фискални принтери
Екран за продажба во ImPOS — производи по категории, сметката и копчињата за плаќање
Екран за продажба
Екран за нарачки за кујна и шанк во ImPOS
Екран за нарачки

Сала и маси

Ја црташ салата во размер и ја водиш во живо.

  • Нацртај ја салата — влечи ги масите, ѕидовите и шанкот
  • Распоред на салата во живо — слободни, нарачани и резервирани маси; моите маси и маси на колегите
  • Резервации — следните резервации се прикажуваат над распоредот
  • Распоред врз фотографија — додади фотографија од салата, цртај врз неа и постави размер со две точки
  • Повеќе катови
Измена на распоредот на салата во ImPOS
Измена на распоредот на салата
Цртање на распоредот врз фотографија од салата во ImPOS
Распоред врз фотографија
Сала во живо со статус на маси во ImPOS
Распоред на салата во живо

Финансии

Дневен финансиски извештај и преглед на приходи и трошоци во реално време.

  • Дневен финансиски извештај (КДФИ-01)
  • Приход и бруто приход
  • Тренд на приходи и приходи по тип
  • Трошоци и типови на трошоци
  • Неплатени фактури и неплатени испратници
  • Просечно времетраење на маса
  • Вкупно по смена и дневно нулирање
Статистика — Dashboard
Статистика — Dashboard

Персонал и смени

Секој вработен се најавува со свој ПИН и ги наоѓа своите маси во „Моите маси“.

Pro: 10 вработениPlatinum: 20 вработениUltra: Неограничен број вработени
  • Вработени со најава само со ПИН и улоги
  • Активни смени
  • Историја на смени
  • Маси по келнер („Моите маси“)
  • Секој вработен ја користи апликацијата на свој јазик (МК, SQ, TR, EN)

Залиха и доставувачи

Следи ги производите, нормативите и залихата на едно место.

  • Производи и категории
  • Материјали и нормативи
  • Внес на роба
  • Доставувачи
  • Залиха
Внес на приемница од доставувач во ImPOS
Приемница

Извештаи и аналитика

Сите бројки на локалот, филтрирани по датум, на едно место.

  • Извештаи
  • Статистика: Dashboard и Аналитика
  • Историја на сметки со филтрирање
  • Филтри по временски период

Клиенти

Листа на клиенти, нивните фактури и колку должи секој.

  • Листа на клиенти
  • Претплатени картички (NFC)
  • Финансиска картица и долг за секој клиент

Платформа

Работи на уредите што веќе ги имаш, во сите објекти.

  • iOS и Android апликации
  • Десктоп (Windows)
  • Пристап од далечина преку ImPOS cloud
  • Работи на повеќе уреди во локалот истовремено

Направен за локалите во Македонија.

Работи и без интернет

Серверот е во твојот локал. Касата, нарачките и масите продолжуваат да работат кога ќе падне интернетот.

Направен за македонски закон

Работи со фискалните принтери на пазарот.

Четири јазика од кутија

МК, SQ, TR и EN — за персоналот и за менито.

Една апликација, сите уреди

Windows, Android и iOS.

Екран за продажба во ImPOS — производи по категории, сметката и копчињата за плаќање

Бизнис алатки

  • Сметки — подели и спој
  • Нарачки до кујна и шанк
  • Резервации
  • Залиха и доставувачи
  • Извештаи
  • Смени на персонал
  • Претплатени картички

NFC Cashless за настани

Посебен производ за фестивали и концерти — NFC нараквици и картички за бргу влез и бргу плаќање, со контрола на измами и контролна табла за организатори.

Повеќе за NFC Cashless →

Покажи ни го твојот локал — ќе ти го нацртаме во ImPOS.

Кратко демо, во локалот или онлајн.